Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНа границите без подолго задржување

На границите без подолго задржување

На најфреквентниот граничен премин „Богородица“ сообраќајот на првиот ден од велигденскиот викенд е со малку поголем интензитет од секојдневниот, но не во очекуваниот обем, информира утрово граничната полиција.

За излез од земјава, од шестте расположливи, моментно во функција се ставени три сообраќајни ленти, а за влез во Македонија фунционираат две. Поради контролата на документите и извршување на вообичаените царински формалности, задржувањето на граничниот премин е пет до десет минути.

Задржувањата на туристите не се големи и на грчка страна.