Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНа годишнината од протестите во Фергусон ново убиство на полицијата

На годишнината од протестите во Фергусон ново убиство на полицијата

Полицијата во Фергусон за време на одржувањето на комеморација за едногодишнината од убиството на Мајкл Браун афроамериканскиот невооружен тинејџер застрела нов демонстрант кој претходно отворил оган врз припадниците на редот и мирот.

Од одделот на полицијата во Фергусон соопштија дека полицајците задолжени за протетстот се нашле под силен оган и морале да возврат со смртоносна сила, застрелувајќи го напаѓачот чии мотиви се уште не се познати.

Минатата година по убиството на Браун завладеа вистински хаос со големи нереди, убиство на полицајци и демонстранти, па дури и ангажирање на голема огнена сила за да се смират протестите.