Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНа диво се обложувало во повеќе градови – Локалите затворени од УЈП

На диво се обложувало во повеќе градови – Локалите затворени од УЈП

Управата за јавни приходи затвори шест локали кои работеле како нелегални обложувалници на територија на Струга, Кичево и Дебар. Во шест нелегални обложувалници, инспекторите констатирале дека организаторите на обложувањето наплатувале и издавале друга документација за да се прикрие прометот.

zatvoreno od ujp

Ниту еден од сопствениците на дивите обложувалници немале лиценца и друг вид одобрение за приредување на игри на среќа. Инспекторите од УЈП извршија увид во затекнатата состојба со обложувањето, опремата, затекнатите пари од промет по што оформија записници и друга потребна документација, а на сите им е изречена забрана за дејност, а потоа ќе се превземат и други соодветни правни мерки.