Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНа Дамовски прашањето за социјалната помош му се чини смешно

На Дамовски прашањето за социјалната помош му се чини смешно

Од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ не чувствуваат одговорност за македонските знамиња кои се фрлаат во канти за оптадоци, веднаш откако ќе завршат протестите, иако такво нешто е казниво со Закон – пренесува ТВ21.

Врз основа на член 19 од Законот за употреба на знамето, симболите и химната, кога се симнува знамето, ниту еден негов дел не смее да допре на земја или било каков друг предмет. Врз основа на член 30 од истиот закон, казна во вредност од 4000 до 5000 евра ќе биде изречена на лицето кое не го употребува знамето согласно овие законски одредби. Инаку, веќе 45 дена се одржуваат протести пред Собранието во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Работата на законодавниот дом е блокирана, а со тоа и уште неколку институции, поради што почнаа да доцни и исплатата на социјалната помош.

Еден од предводниците на протестите, Борис Дамовски на денешната прес конференција дојде со мотоцикл, произведен во 2017 година и кој чини повеќе од 8000 евра.

Но, прашањето за доцнењето на исплатата за социјална помош поради блокадата на Собранието за него е смешно.

На денешната прес конференција, од Граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија, изјавија дека нема да протестираат поради Велигденските празници, но ќе ја следат ситуацијата и како што велат, ќе бидат на готов.