Thursday, Jun 22, 2017
HomeДЕНЕШНАСветНа Чешка и се заканува МЕРС?

На Чешка и се заканува МЕРС?

 

Чешка стравува од вирусот МЕРС. Од Чешкото министерство за здравство информирале дека кај еден маж се забележани симптоми на смртоносниот вирус, истиот бил пренесен на инфективното оделение во болницата ,,На Буловце” во Прага. Пациентот пред извесно време се вратил од Јужна Кореја каде смртоносниот вирус до сега однесе 350 животи, а 1000 се заведени како инфицирани. На мажот за кој постојат сомненија дека е заразен од МЕРС здравствената состојба му се влошила додека патувал кон Полска. Сите 30 лица кои биле во превозното средство заедно со него, сега се во карантин