Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНа Бил Козби ќе му се суди за силувања, можна казна 30 години

На Бил Козби ќе му се суди за силувања, можна казна 30 години

Славниот актер Бил Козби сепак, ќе се соочи со судење за сите поведени приватни тужби од жени за силувања и злоупотреби. Козби е обвинет дека во текот на неговата децениска кариера своите жртви ги дрогирал, а потоа откако биле беспомошни ги силувал, а дел од нив го обвинија и за физички злоупотреби.

Адвокатите на Козби тврдат дека нема доволно докази за поведување судска постапка и дека тужителите не успеале да обезбедат соодветен сведок веќе 15 години откако започнаа први сомнежи. Сепак, судот во Пенсилванија наскоро ќе закаже рочиште, а ако Козби биде прогласен за виновен му се заканува затворска казна од 30 години.