HomeДЕНЕШНАПолитикаНа 7-от ден од кампањата ова се митинзите на политичките партии

На 7-от ден од кампањата ова се митинзите на политичките партии

partii-logoa

Политичките партии и коалициите засилено ја водат предизборната кампања која веќе ја заокружува првата недела и досега имаше доста жестоки обвинувања, иако соочувањето на ставовите изостана на ТВ дебатите. Затоа, пак од говорница пред своите гласачи политичарите најлесно ветуваат и го обвинуваат противникот.

Недела иако е ден за одмор ќе биде искористен за повеќе митинзи низ Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе имаат голем митинг во Скопје.

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Свети Николе и Велес.

Коалиција за промени и правда денеска ќе одржи митинг во Сопиште

Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе има митинг во Чегране, Боговиње,  а Алијанса за Албанците ќе биде во Битола, Ресен и Крушево.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com