Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРНа 22 јули започнува третиот ,,Дримон" во Струга

На 22 јули започнува третиот ,,Дримон" во Струга

Фестивалот за процесирање култура ,,ДРИМОН”  ќе го доживее своето трето издание од 22 до 26 јули во Центарот за Култура ,,Браќа Миладиновци” во Струга.

Во предвидените 5 фестивалски вечери ќе се одржат низа работилници, изложби, проекции на филмови, концерти, дружење и поттикнување на размислувањата и делувањата на полето на уметноста и културата.

Организатор на фестивалот е здружението на млади уметници, Иницијативата за независен културен активизам – ИНКА од Струга.

Станува збор за здружение кое организира повеќе културни настани во градот и тоа во теколт на целата година. Нивната цел е да ја разбудат свеста кај младите за сите позитивни влијанија од културата и уметноста кои треба да станат начин на живеење