HomeРЕФЛЕКТОРНа 15 јули започнува ,,Гевгелиско културно лето"

На 15 јули започнува ,,Гевгелиско културно лето"

Во ритамот на летото живее и Гевгелија,.На 15 јули ќе започне традиционалната манифестација ,,Гевгелиско културно лето”. Оваа манифестација ќе биде свечено отворена со изложбата ,,Обединети сме посилни” на Државниот архив на Република Македонија.

Со оваа изложба се одбележуваат 70 години од победата над фашизмот.

Промоции на книги, изложби на слики и графики, концерти ЦД и монографија ќе го збогатат културниот живот во Гевгелија.

,,Гевгелиското културно лето” ќе трае до крајот на август, а традиционално ќе биде затворено со ,,Смоквијада” – фрстивал на варење слатко од смокви по стари рецепти со што се прави сплет на современоста и традицијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com