Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНа 15 јануари нова влада без Груевски

На 15 јануари нова влада без Груевски

Според договорените принципи поставени во договорот од Пржино за излез од политичката криза најдоцна до 15-ти јануари актуелниот премиер Никола Груевски ќе си поднесе оставка и ќе се повлече од најодговорната позиција во државата по речиси 10 години на власт. Груевски при отворањето на плоштадот Мајка Тереза и на подземната гаража „Кресненско востание“ во Скопје потврди дека ќе се формира нова влада која ќе функционира до изборите. kupi kuka vladaОд политичките реформи единствено голем проблем и понатаму се реформите во медиумите и нема голема волја да се подобрат состојбите. Што се однесува до владините промени се уште нема најави кој би можел да биде нов премиер на Република Македонија, но се прогнозира дека во игра се актуелниот вицепремиер за економија Владмир Пешевски, министерот за транспорт и врски или пак Никола Тодоров од здравство.