Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНа 11 и 12 декември Нимиц ќе се сретне со преговарачите во Брисел

На 11 и 12 декември Нимиц ќе се сретне со преговарачите во Брисел

Средбата на преговарачките тимови на Македонија и на Грција за спорот за името ќе се одржи на 11 и 12 декември, соопштија од канцеларијата на посредникот Метју Нимиц.

„Средбата е дел од напорите на Обединетите нации да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името“, се вели во соопштението.

Преговарачките тимови и претставникот на ОН во спорот за името, Нимиц, требаше да се сретнат на 20 и 21 декември, но средбата беше одложена за декември.