Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАНѐ очекува променливо облачно време со кратки сончеви периоди

Нѐ очекува променливо облачно време со кратки сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во северозападните делови не е исклучено да има и слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 16, а дневната од 17 до 22 степени Целзиусови.

Во главниот град слично време – променливо облачно со повремени сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 19 степени Целзиусови.