HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаМЗТ Скопје во завршницата од натпреварот дојде до драматична втора победа во АБА лигата!

МЗТ Скопје во завршницата од натпреварот дојде до драматична втора победа во АБА лигата!

mzt-olimpija-12-615x400

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром успеа да ја забележи втората победа во АБА лигата, во исклучително ефикасен натпревар во кој македонските шампиони ја совладаа Унион Олимпија со 97:96. Конечно насмевка на лицата на кошаркарите на МЗТ Скопје, со одлична игра во последната четвртина македонскиот тим успеа да слави победа над Унион Олимпија.

Натпреварот почна лошо за МЗТ, првата четвртина ја доби Унион Олимпија со 33:19, но во продолжението нашиот тим ја крена играта и успеа на полувремето да дојде до негатива од 56-50. Клучна за победата беше последната четвртина во која МЗТ Скопје успеа да направи комплетен пресврт и во драматичен финиш да дојде до победа од 97:96.

Кларк со 22 поени беше најефикасен поединец во тимот на МЗТ Скопје, Тејмс постигна 19, Скот реализираше 18, новото засилување Диабате постигна 13. Ова беше втора победа на МЗТ Скопје во АБА лигата оваа сезона. Гостувањето кај Крка ќе биде следниот тест за тимот од Аеродром.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com