Sunday, Mar 26, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаМЗТ ја започнува јадранската авантура против Олимпија

МЗТ ја започнува јадранската авантура против Олимпија

МЗТ како судбински да е поврзан со Словенија во натпреварите од Јадранската лига и новата сезона ќе ја започне повторно со гостување токму во Љубљана против Унион Олимпија. МЗТ Скопје Аеродром ќе ја игра четвртата сезона во АБА лигата и ќе атакува на првиот фајнлфор откако претходните сезони имаше одлични настапи против силните балкански противници. Првиот натпревар се игра на 1 октомври во Љубљана, а штрковите ќе го пречекаат Металац Ваљево на домашен терен во Јане Сандански на 4 октомври.