HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР за утрешниот протест на Шарената револуција: Полицијата професионално ќе си ја врши работата

МВР за утрешниот протест на Шарената револуција: Полицијата професионално ќе си ја врши работата

Пред утрешниот собир на „Шарената револуција“ во знак на подршка на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека полицијата професионално ќе си ја врши работата.

„МВР, без разлика кој протестира треба да го одржува јавниот ред и мир и нормално дека треба да се почитува правото на секого на протест, а полицијата мора да постапува професионално без притоа да има субјективизам во настапувањето, без разлика кој одржува протест. Јас очекувам дека професионално и до крај посветено ќе си одговорат на задачата сите професионалци во МВР кој ќе бидат наобезбдување на овој процес“ – изјави Спсовски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com