Wednesday, Mar 29, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаМВР во потрага по 600 нови полицајци

МВР во потрага по 600 нови полицајци

Министерството за внатрешни работи објави нов оглас за вработување на полицајци на кој ќе се избираат 600 кандидати, а ќе има место и за 52 извршители како службеници кои ќе треба да имаат високо образование.

Условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите е да се државјани на Република Македонија, да се на возраст на 24 години, да не се кривично осудени и да исполнуваат повеќе физички и кондициски услови. По завршувањето на конкурсот пријавените кандидати ќе поминат низ медицински тестови, физички тестови за кондиција, ќе пишуваат есеј и ќе одговараат на прашања на интервју за работа.

Следејќи ги минатите конкурси, како последниот од оваа година интересот кај младите за работа во полиција е огромен и се пријавуваат неколку илјади кандидати. Обуката трае една година по што на кандидатите ќе им биде доделен договор за вработување во редовите на МВР.