Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР: Ученик делел пропаганден материјал на политичка партија

МВР: Ученик делел пропаганден материјал на политичка партија

Ученик во Крушевско делел припаганден материјал на политичка партија од опозицијата. Според полицијата, случајот бил пријавен вчера во 13:30 часот во Полициската станица Крушево.

Настанот се случил во Основното училиште „Никола Карев“ во селото Норово.

Ученик од истото село делел пропагандни материјали (пенкала и пластични флаери) од политичка партија. Поднесен е записник за примање пријава, а ученикот бил предупреден, велат од МВР.