Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМВР уапси дилер на хероин и негов транспортер

МВР уапси дилер на хероин и негов транспортер

МВР приведе две лица по извршен претрес во автобус на редовна линија Струга-Луцерн, а по претходна извршена контрола на царинската управа. Цариниците кај осомничените пронашле куфер со двојно дно преклолопен со преграда за багаж каде биле најдени четири кесички со хероин. МВР по извршената анализа утврдила дека тежината изнесува 1 килограм и 300 грама, а дрогата требало да заврши во Швајцарија.

droga heroin

Прво осомничениот најмил второ лице за да ја транспортира дрогата за висок паричен надомест, а седел во негова близина во самиот автобус. Јавното обвинителство на лицата од А.П.(54) од Кичево и М.Ј.(35) од Гостивар им поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.