Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеМВР, Центар и невладините во заедничка битка против труењето животни

МВР, Центар и невладините во заедничка битка против труењето животни

Претставници на организациите за заштита на животните, командирот на полициската станица „Беко“ и претставници од одделот за превенција при МВР, на денешната средба кај градоначалникот Андреј Жерновски договорија продолжување и интензивирање на соработката.

Беа предложени и усвоени конкретни активностите за спречување на застрашувачките појави на труење и малтретирање животни.

По минатонеделната прва средба и јасно пратените пораки, во голема мера се намалени случаите на труење и поставување отров за кучиња, но тука нема да се запре.

Невладините организации ќе изготват и ќе достават до МВР барање за потпишување на заеднички меморандум за соработка на територијата на општина Центар. Веднаш по празниците ќе се организираат заеднички средби со граѓаните за едукација и проверка на околината, и тоа на досега најкритичните места околу Универзална сала, во Капиштец и во Дебар Маало.

Иницирано е менување на Законот за полиција, со цел да се прецизира кога може полицијата да интервенира доколку се забележи мачење на животни.

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, повторно упати апел до другите градоначалници и институциите на централно ниво сериозно да ја сфатат опасноста од поставување отров и за животните, но и за децата и за загадување на животната околина.