Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР суспендира петмина вработени поради нападот на Собранието

МВР суспендира петмина вработени поради нападот на Собранието

Петмина вработени во МВР се привремено оддалечени од работните места, односно суспендирани, во врска со инцидентите во Собранието на 27 април, потврдија од МВР за „Мета“.

Мерката е изречена од одделението за внатрешна контрола на МВР, а не од работната група формирана од министерот Агим Нухиу за расчистување на настаните во Собранието, нагласија од одделот за односи со јавноста на МВР.

Сите петмина суспендирани нема да ги извршуваат работните обврски додека внатрешната контрола не ја заврши целата постапка за утврдување на одговорноста.