Tuesday, Apr 16, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМВР спроведе истрага за три наместени натпревари!

МВР спроведе истрага за три наместени натпревари!

Голем скандал на повидок во Македонскиот фудбал, Министерството за внатрешни работи во соработка со одделот за интегритет и безбедност во Фудбалската федерација на Македонија отворија истрага за три наместени натпревари во пролетниот дел од втората македонска фудбалска лига, информира официјалната интернет страница на ФФМ.

„Одделот за интегритет во рамки на ФФМ одлучи случајот да го предаде на полицијата од која ќе бара истрага. Органите и телата при ФФМ ќе спроведат истрага, веќе формираа предмети во насока на утврдување на вистината и регуларноста на исходот на натпреварите кои сега се предмет и на МВР“ изјави Роберт Марковиќ, раководител на одделот за интегритет и безбедност во ФФМ.