Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР сослуша уште тројца напаѓачи од Собрание, па ќе им поднесе пријави

МВР сослуша уште тројца напаѓачи од Собрание, па ќе им поднесе пријави

Полицијата викендов разговарала со тројца осомничени учесници во насилствата во Собранието на 27 април, од кои оној што сам се пријавил во полициска станица по враќање од странство е во притвор, а другите двајца се пуштени на слобода и за нив ќе има поднесоци.

Според соопштението од МВР, по прегледувањето на видеозаписите, СВР Скопје ги повикало на разговор Д.С. (39) од Скопје и А.Б. (60) од Тетово, по што биле ослободени, а МВР ќе достави поднесоци за нив до Јавното обвинителство.

Во саботата во 20.50 часот во полициска станица се пријавил Н.М. (34) од Скопје, против кого е поднесена кривична пријава. Тој бил задржан во станицата, а потоа ноќта во неделата е однесен во притвор во затворот во Шуто Оризари.

СВР Скопје известува дека работи на расчистување на случајот и на идентификување и на други учесници во насилствата во Собранието.