HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР со прекршочна против телохранителот на Заев

МВР со прекршочна против телохранителот на Заев

МВР му поднесе прекршочна пријава на Aлександар Трајков, телохранителот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој учествувал во инцидент во Струмица вчера вечер, велат од МВР за 24 вести.

Од СДСМ порачуваат дека Трајков ќе биде отстранет од придружба на Заев на определно време, во исчекување на наодите во МВР. Во врска со информациите за евентуална инволвираност во инцидент на Александар Трајков, едно од лицата од придружбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, соопштуваме дека споменатото лице било приватно излезено во Струмица, додека претседателот Заев присуствувал на партиски активности во Охрид, стои во соопштението од СДСМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com