Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР со кривична против Стевчо Јакимовски за контрапротестот пред Уставниот суд

МВР со кривична против Стевчо Јакимовски за контрапротестот пред Уставниот суд

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски и Александар Трајковски за кривично дело спречување или смеќавање на јавен собир. Полицијата оценила дека со контрапортестот зад кој застана ГРОМ е прекршен крвичниот законик и беше оневозможен веќе најавениот протестен марш на здружението „Ајде“.

Во соопштението на МВР се наведува:
На 15.03.2016 година во утринските часови по инструкции на првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. започнале да се собираат граѓани пред платото на Уставниот суд ,и започнале со монтирање на бина и тенди-чадори со што насилно го узурпирале просторот на кој претходно уредно пријавениот собир требало да се одржи во организација на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“. Со погоре споменатите дејствија првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. сториле кривично дело „Спречување или смеќавање на јавен собир“, предвидено и казниво по чл. 155 од КЗ на РМ.