МВР прво „освоено“ министерство, Спасовски официјално ја презеде функцијата
Денеска Оливер Спасовски ја презеде функцијата министер за внатрешно работи по официјалното примопредавање од страна на актуелниот технички министер Агим Нухиу.
За СДСМ и коалицијата Министерството за внатрешни работи е едно од најважните бидејќи токму преку него претходната власт вршеше големи притисоци и злоупотреби, па дури и самата поранешна министерка Јанкуловска во еден од прислушкуваните разговори вели дека таму поставила партиски штаб и не се знаело дали е ВМРО или МВРО.
Нухиу потенцираше дека новиот министер го чека макотрпна работа и му посака сè најдобро.
Спасовски му се заблагодари на Нухиу за се што тој досега направил во ова МВР и изрази жалење што токму во времето додека Нухиу бил министер се случиле немилите настани.