Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР привел тројца насилници од Собранието, па ги ослободил по барање на ОЈО

МВР привел тројца насилници од Собранието, па ги ослободил по барање на ОЈО

Од страна на Единицата за насилен криминал во СВР Скопје, а во врска со настаните случени на 27.04.2017 година во Собранието на РМ, на 24 -ти овој месец преземени се мерки и активности и вршен е преглед на видео записи, а во насока на идентификување на останати лица учесници во настаните кои презеле дејствија кои имаат елементи на сторено кривично дело.

Притоа по наредба на Судија на претходна постапка извршени се претреси во домовите на четири лица од Скопје А.Д. (43), С.П. (51), А.М. (22) и А.К. (43). По извршениот претрес три од лицата (С.П., А.К. и А.М.) се лишени од слобода а по насока на јавен обвинител истите се ослободени. Исто така на информативен разговор повикани се и три други лица Т.З. (50), М.П. (22) и Л.Ѕ. (42) сите од Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27.04.2017 година во Собранието на Р.Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.