HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР: Пријави за Диме Спасов

МВР: Пријави за Диме Спасов

mvr

Истрагата за случајот на Диме Спасов, кој предизвика сообраќаен инцидент е завршена, а најдоцна утре ќе бидат поднесени и соодветни пријави – соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

За сега од МВР не откриваат дали станува збор за прекршочни и кривични пријави. Се очекува и официјална потврда за тоа кој го возел возилото, бидејќи истата вечер во полициска станица се јави лице кое призна дека тоа управувало со возилото, а не Диме Спасов кој избега од местото на настанот.

Кривични пријави за Спасов најави и министерката за труд и социјала, Фросина Ременски. Според неа, тој и директорот на Агенцијата за вработување ја злоупотребиле службената положба и го прекршиле правилникот за употреба на службени возила.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com