HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР: Ѓорчев прави обид да го прикаже сторителот на прекршоци како жртва

МВР: Ѓорчев прави обид да го прикаже сторителот на прекршоци како жртва

dime-spasov

МВР излезе со соопштение во кое изјавата на Влатко Ѓорчев ја оцени како бескрупулозен обид дополнителниот заменик министер Диме Спасов „од сторител на неколку прекршоци да го претвори во жртва”. МВР истакна дека во сите фази на постапката институцијата работела со висока професионалност и непристрасност.

„Диме Спасов со службено возило на Агенцијата за вработување, надвор од работното време во петок на 28. 10. 2016 година предизвика собраќајна незгода и на двапати го напушти местото на настанот, не ги почитуваше наредбите и знаците на униформираните лица за застанување на возилото, се оддалечи, односно избега од службените лица и во полициската станица Карпош се појави да даде исказ, 24 часа по извршување на делото заедно со лицата кои се обидуваа да го заштитат, неколку пати ги менуваа изјавите во врска со настанот”, се наведува во соопштението.

Од МВР потенцираат дека законите во Македонија мора да важат подеднакво за сите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com