Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР одби да му даде дополнително обезбедување на Груевски

МВР одби да му даде дополнително обезбедување на Груевски

Министерството за внатрешни работи го одбило барањето на екс премиерот, Никола Груевски, да му бидат доделени уште 20 телохранители. Министерот, Оливер Спасовски, изјави дека проценките укажуваат дека нема опаност по него и неговото семејство, поради што Груевски останува со шест телохранители кои му следуваат како поранешен премиер, пишува „Фокус“.

– Направивме проценки во БЈБ и УБК, анализирани се сите податоци и со оглед на тоа што неговото актуелно обезбедување од 6 лица до овој момент не пријавило никаква закана по него или по неговото семејство, нема никаква проценка дека треба да биде зголемен бројот на лица кои што го обезбедуваат – изјави министерот.

Инаку, Груевски како причина за барањето навел дека неговото безмалку десетгодишно вршење на функцијата го правел во турбулентен временски период, како и на фактот дека е пратеник во Собранието, каде е претседател на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Груевски навел дека телохранителите ги бара на неопределено време, сè додека има опасности по неговиот живот и личен интегритет.