Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР нема добиено налози за апсење на Грујевски, Јакимовски и Бошковски

МВР нема добиено налози за апсење на Грујевски, Јакимовски и Бошковски

До Министерството за внатрешни работи (МВР) до овој момент не пристигнале налози за апсење на тројцата осомничени, за кои Апелацискиот суд вчера донесе одлука за притвор, јавува „Плус инфо“.

Ова го потврдија од МВР откако во јавноста се појавија разни толкување за тоа кога стапува на сила одлуката на Апелација односно, дали веднаш или правото на жалба на осомничените до Врховниот суд го одлага одењето во притвор или не.

Меѓутоа, од МВР велат дека кога и да пристигне налогот за приведување кај нив, тие се подготвени законски да постапат според него.

Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски се опфатени во предметите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Откако кривичкиот совет во Основниот суд Скопје 1 ги одби барањата за притвор, второстепениот суд ги уважи жалбите на обвинителството.

Сите тројца обвинети се вработени во МВР, Грујевски е екс началник на петтата управа, Јакимовски беше шеф на кабинетот на Сашо Мијалков кога тој беше директор на УБК, а во истата управа беше вработен и Бошковски.