Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМВР: Не е пријавен случај на спасени мајка и ќерка во Сингелиќ

МВР: Не е пријавен случај на спасени мајка и ќерка во Сингелиќ

Во СВР Скопје не е пријавено дека лицето Б.В. вчера пронашол две живи лица (мајка и ќерка) кои четири дена биле заглавени во кал во с.Сингелиќ и успеал да ги спаси и да ги пренесе во болница, соопшти денеска МВР.

Социјалните мрежи и порталите известија дека лицата најверојатно се од Албанија и дека името на мајката не се знае, односно врз нив се спроведува постапката за идентификација. Во СВР Скопје не е пријавен ваков настан, а од страна на Единицата за информации – команда во СВР Скопје телефонски е стапено во контакт со Градска општа болница „8-ми Септември“, Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Брза помош на град Скопје, при што е констатирано дека кај ниту една од градските болници не се донесени ниту пријавени вакви лица, се наведува во соопштението од МВР.

МИА