Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР ќе биде контролирана однадвор

МВР ќе биде контролирана однадвор

Министерството за внатрешни работи ќе престави нов механизам со кој ќе се набљудува и оценува работата на полицијата при исполнување на професионалните стандарди и почитувањето на законските процедури и граѓански права. Проектот за надворешен механизам на контрола е финансиран од Советот на Европа и Министерството за надворешни работи на Холандија.