Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР ќе апси, меѓу нив и водачите на протестите

МВР ќе апси, меѓу нив и водачите на протестите

Засега според сеуште неофицијални извори од МВР и Основното јавно обвинителство се подготвува акција за апсење на 15 лица, меѓу кои и водачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ за водење на протестите кои во четвртокот еруптираа и гневните демонстранти го нападнаа Собранието на Република Македонија.

Основното јавно Обвинителство вечерва дало наредба да се приведат 15 учесници кои учествувале во нападите, а МВР треба да постапи по барањето со лоцирање на овие лица и нивно апсење.

za zaednicka damovski betmen

Штом ќе бидат најдени, осомничените ќе бидат однесени во полициска станица и утре изнесени пред пред судија на претходна постапка и најверојатно ќе се бара притвор.

Министерството за внатрешни работи вечерва побара мерки за обезбедување за четири лица за кои има докази дека биле водачи во насилството врз пратениците.