Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР: Кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, не е приведен

МВР: Кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, не е приведен

Министерството за внатрешни работи демантира дека кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци, Митко Јанчев, бил приведен, како што вчера на митинг во Могила изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Полициската станица Кавадарци во соработка со Основното јавно обвинителство Велес презеде мерки и активности во врска со сомнение за сторено кривично дело по член 160 од КЗ, но лицето М.Ј. воопшто не е повикано во полициска станица“, велат од МВР.

Од таму наведуваат дека вчера од страна на граѓанин е доставена писмена пријава дека од страна на лицето Г. Ч. од Кавадарци се врши притисок врз лицата С. Ј. и И. А. да собираат по 50 гласа во корист на еден од кандидатите за градоначалник.

„Направени се првични проверки при што е извршен разговор со С. Ј. и известен е надлежен дежурен јавен обвинител од Велес. Заради документирање на случајот, лицата се сослушани во ОЈО Велес, а со Г. Ч. е извршен разговор во ПС ОН Кавадарци. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР во врска со информациите дека Јанчев бил приведен.