Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМВР ја прошири исрагата за „крвавиот четврток“

МВР ја прошири исрагата за „крвавиот четврток“

Секторот за внатрешни работи Скопје, во врска со настаните што се случија на 27-ми април годинава во Собранието на Република Македонија, до Основното јавно обвинителство Скопје достави четири Известувања кои се однесуваат на проширување на кривична пријава и известување со дополнителни дејствија за лица кои се претходно кривично пријавени.

– Станува збор за лицата А.З. (63), А.С. (39), В.Ц. (33) и В.Т. (40), сите од Скопје. На информативен разговор било повикано лицето П.Д. (42) од Скопје, кој по извршениот разговор бил ослободен, соопшти МВР.

СВР Скопје во консултација и соработка со скопското Основното јавно обвинителство и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните што се случија во Собранието и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.