Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР идентификува уште четири лица инволвирани во нападите на Собранието

МВР идентификува уште четири лица инволвирани во нападите на Собранието

СВР Скопје на разговор повикале повеќе лица за кои постојат сомневања дека биле инволвирани во настаните во македонскиот парламент, пренесоа од Министерството за внатрешни работи.

„Притоа, поради констатирано постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело – „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ од страна на лицата Д.Т. (42), Ѓ.М. (52) и Т.О. (52) сите од Скопје, како и кривично дело – „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл.385 од КЗ на РМ од страна на лицето Н.П. (39) од Скопје, за истите СВР Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје ќе поднесе посебно Известување“, соопштуваат од МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27.04. во Собранието на Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.