МВР ги „смота“ дилерите – 11 уапсени, запленета марихуана
МВР објави дека во изминатите три месеци спроведува голема акција со меѓународна помош за апсење на десетина лица поврзани со нелегална продажба на наркотици при што се запленети 1.8 килограми марихуана, половина килограм хероин и мала количина на кокаин. Првите апсења биле спроведени во мај и јуни, а текот на вчерашниот ден од слобода биле лишени С.А.(45), С.Љ.(31), И.И.(47), Д.Ј.(36), сите од Тетово и Б.П.(36) од Дебар.
Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција против инволвираните лица поднесена e кривична пријава за – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.