Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМВР апси голема група на криминалци

МВР апси голема група на криминалци

МВР започна со спроведување на голема полициска акција во селото Арачиново каде се апсат осомничени лица за организиран криминал со трговија и шверц на дрога и оружје, како и на нелегален транспорт на мигранти. Приведени се и повеќе лица од Скопје и Куманово, а според се уште неофицијални информации во осомничената група има и судии и функционери. Повеќе детали од МВР се очекуваат во текот на денот.