HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМузиката од тајниот сеф на Принц се продава за 35 милиони долари

Музиката од тајниот сеф на Принц се продава за 35 милиони долари

Три големи издавачки куќи моментално се во борба за добивање на право за користење на музика од сефот на Принц, во кој се наоѓаат до сега необјавени нумери, кои би можеле да достигнат цена и до 35 милиони долари. Во сефот се наоѓаат оригинални нумери како „Rebirth of the Flesh“, „Electric Intercourse“ и „Extraloveable“, кои се веќе нашироко илегално пласирани, но никогаш формално.

Во сефот исто така се наоѓаале и стотици часови видео-материјал од живи настапи и концертни снимки. Според магазинот „Билборд“, три големи издавачки куќи се во преговори за материјалот од сефот. Повикувајќи се на неименуван извор, „Билборд“ истакнува дека делукс изданието од турнејата „Purple rain“, кое беше најавено во 2014 но никогаш не се оствари, најверојатно ќе биде објавено во 2017 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com