Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМузиката може да ве доведе до оргазам

Музиката може да ве доведе до оргазам

Музичките фанови добро знаат дека одреден вид на музика или одредени песни може толку многу да ја кренат возбудата и задоволството со што доаѓа до ежење на кожата, чуство на импресионираност и екстаза. Сега, овој ефект на музички оргазам добива и научна потврда од Дејвид Робсон кој го истражувал влијанието на музиката на сетилата, расположението и однесувањето.

Причината за толку силните емоции при слушање на квалитетна музика за уши е непредвиливоста на музичaрите, додавањето на ноти кои го креваат темпото, прават пресврти и успони, креираат амбиент на исчекување и потоа еуфорија. Сите тие елементи имаат силен психолошки ефект врз мозокот кој е „возен“ од мелодијата доведувајќи ве до совршена состојба на телото и умот или подобро кажано музички оргазам.