Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМустафа: Изјавата на Рама е популистичка, не планираме одиме во други унии освен во ЕУ

Мустафа: Изјавата на Рама е популистичка, не планираме одиме во други унии освен во ЕУ

Изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, за обединување на Албанија и на Косово е популистичка, оцени косовскиот премиер, Иса Мустафа.

– Не планираме да одиме во други унии, освен во Европската Унија. Ако не нè примат низ врата, ќе влеземе низ прозорец – рече Мустафа.

Тој, исто така, изјави дека Косово нема бесконечно да чека на формирањето на својата војска и оти одлуката ќе биде донесена во Приштина, а не во Белград.

Мустафа за КТВ истакна дека разговорите за косовска војска се почнати во времето кога актуелниот претседател на Косово, Хашим Тачи, бил заменик-премиер и дека на таа тема разговарале и со претставници на американскиот Стејт департмент, на кои им е речено дека Косово нема бесконечно да го чека формирањето на војска на Косово.