Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМуслиманите го слават Курбан Бајрам со хуманост и солидарност

Муслиманите го слават Курбан Бајрам со хуманост и солидарност

Припадниците на исламската вера денес го прославуваат Курбан Бајрам со принесување на жртва за доближување до Бога и за нив е неработен ден. Празнувањето ќе трае четири дена со колење на домашно животно, барем тие што се имотни и може да принесат жртва, за потоа месото да се дели на сиромашните и блиските. Курбан Бајрам се одредува според исламскиот месечев каледнар, а исто така овој празник е и повод за одење на аџилак во светото место Мека.