Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо повторно соработува со Волфзбург

Мурињо повторно соработува со Волфзбург

За време на својот мандат во Челси Мурињо на Волфзбург ги продаде Кевин Де Брујн и Андре Ширле, а сега би можел да пазари од „Фолксваген арена“. Никогаш крај на шпекулациите кога се во прашање трансфер метите на Манчестер Јунајтед. Сега во медиумите се појави информација дека Јунајтед е заинтересиран за крилниот фудбалер на Волфзбург и германската репрезентација Џулијан Дракслер.

Мурињо веќе заврши неколку зделки, во клубот беше доведен дефанзивецот Ерик Бејли, на добар пат е да пристигне и Златан Ибрахимовиќ, а нов договор беше потпишан и со Мајкл Керик. Сега дојде ред да се засилуваат по крилните позиции, односно да ја засилат десната крилна позиција на која и немаат многу опции. Се споменуваше и Михтарјан кој и сам сака да премине во Јунајтед, но се чини дека Мурињо повеќе го цени Германецот.

По својата природна позиција Дракслер е класична десетка, но е многу корисен и на крилните позиции, каде може да игра и лево и десно. Неговата пазарна вредност се проценува на околу 24 милиони евра, а младиот Германец моментално се наоѓа на Европското првенство со репрезентацијата на Германија.

Дракслер