Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо ја плаќа клаузулата и доведува замена за Вејн Руни!

Мурињо ја плаќа клаузулата и доведува замена за Вејн Руни!

Манчестер Јунајтед веќе го знае следниот чекор за наредното лето. И ќе се сложите, изгледа како навистина одлична идеја! Англиските медиуми синоќа ја објавија оваа приказна како ексклузивна. Имено, Манчестер Јунајтед веќе ја идентификувал првата мета за следното лето. Нема ни да преговараат, ќе ја платат клаузулата и ќе го доведат Антоан Гризман.

Имено, Мурињо смета дека Французинот е одлична замена за капитенот Руни кој е во позрели години и лесно би можел да заврши следното лето во Кина за рекордна сума. „Ѓаволите“ внимателно ја следеле состојбата со Францизинот кој го породлжи договорот со Атлетико, неговата клузуласега е околу 100 милиони евра. Сепак, за Јунајтед тоа не е проблем тие се подготвени да издвојат трицифрена сума на пари и да го доведат Французинот.

Гризман би немал ништо против преселба кај Мурињо, ова лето го сакаше Арсенал, но тој го продолжи договорот со Атлетико, а се верува и дека има некој вид на договор со клубот да замина за голема сума на пари и да остави полна каса во клубот во кој пристигна од Сосиедад во трансфер вреден 25 милиони евра.