Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо: Доколку се концентрирам на Гвардиола, ништо од титулата

Мурињо: Доколку се концентрирам на Гвардиола, ништо од титулата

Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо нема да дозволи ривалството со тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола да влијае на неговата кариера. Двајцата тренери водеа жестоки битки од времето кога ги водеа клубовите на Реал Мадрид и Барселона пред неколку години, па се очекува слично сценарио и во Манчестер.

„Поединечните борби можат да влијаат на борбата за титулата. Доколку се концентрирам на Гвардиола и Сити, а тој на мене и Јунајтед, тогаш сигурно некој трет ќе ја освои титулата“, изјави Мурињо. Мурињо одржа предавање на Универзитетот во Лисабон, каде кажа дека нема да доведе ниту еден Португалец на „Олд Трафорд“.