HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо посакува Србин!

Мурињо посакува Србин!

Португалецот би бил среќен да го види Србинот на „Олд Трафорд“, а за неговите услуги интерес покажа и Рома. Според пишувањата на француските медиуми Манчестер Јунајтед и Рома се заинтересирани за фудбалерот на казахстанска Астана Немања Максимовиќ! Српскиот фудбалер проникна во младите категории на Црвена Ѕвезда, професиналната кариера ја започна во словенечкиот клуб Домжале, а од 2015 година е член на Астана.

Тој со репрезентацијата на Србија до 19 години го освои Европското првенство, а нешто подоцна постигна и погодок за победа во финалето од Светското првенство за играчи до 20 години. Дебитираше и за А селекцијата, во поразот од Полска март годинава. Со своите партии во редовите на Астана го привлече вниманието на неколку европски клубови како што е и Олимпик Лион, а сега наводно во трката за неговиот потпис се вклучил и англискиот великан Манчестер Јунајтед.

Тој со Астана играше и во Лигата на шамшионите минатата сезона, а оваа натпреварувачка година стигна да се запише и во Лига Европа и тоа на многу ефективен начин. Неговите добри партии не останаа незабележани и од страна на Жозе Мурињо, а нема сомнение дека трансферот на „Олд Трафорд“ би бил исполнување на соништата за српскиот фудбалер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com