HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо доведува сонародник од турската лига!

Мурињо доведува сонародник од турската лига!

br640505307020161116153008

Незадоволен од опциите во нападот, Португалецот е решен во јануари да пазари, а се чини дека го пронајде адекватното засилување. Сосема е јасно дека на Јунајтед добро би му дошол уште еден офанзивец. На излезните врати од клубот е Депај, а доколку Мурињо сака успех оваа сезона ќе мора да реагира. Станува збор за талентираниот Брума, кој конечно почнува да го покажува својот полн потенцијал.

Тој од Спортинг премина во редовите на Галатасарај уште во 2013 година, но на стартот не успеа да го покаже својот целосен потенцијал. Беше на позајмица во Газиантепспор, а минатата сезона исто така ја помина на позајмица, но во редовите на Реал Сосиедад во шпанска Примера. Одигра 32 натпревари за Сосиедад, постигна 2 погодоци, оваа сезона се врати во Истанбул и конечно доби вистинска шанса. На 10 натпревари постигна четири погодоци и успеа да забележи три асистенции.

Неговите настапи го привлекоа вниманието на Жозе Мурињо, кој според информациите на англиските медиуми, смета дека сонародникот би му бил од корист. Во прилог на Јунајтед му оди и фактот дека Брума има договор со Галатасарај до 2018 година, па нема сомнение дека турскиот клуб ќе сака да ја искористи приликата и да заработи на него, секако доколку Јунајтед испрати адекватна понуда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com