HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо ја одврзува ќесата и во јануари го доведува најдобриот млад дефанзивец?!

Мурињо ја одврзува ќесата и во јануари го доведува најдобриот млад дефанзивец?!

Manchester United manager Jose Mourinho reacts during the English Premier League soccer match between Manchester United and Arsenal at Old Trafford in Manchester, England, Saturday, Nov. 19, 2016. (AP Photo/Rui Vieira)

Шпанските медиуми денес ја пренесоа веста за јануарискиот трансфер план на Мурињо. Според овие информации, Манчестер Јунајтед за еден месец би можел да добие огромно засилување и да го донесе Хосе Мариа Хименез од Атлетико Мадрид. Мурињо е наводно убеден дека уште оваа зима ќе успее да го доведе 21-годишниот стопер кој важи за еден од најдобрите млади дефанзивци на светот.

Сепак, Уругваецот е во втор план оваа сезона кај Симеоне кој м удава предност на Савиќ и токму тоа е причината поради која се верува дека Атлетико би го пуштил да замине доколку пристигне квалитетна понуда за неговите услуги. Шпанските медиуми пренесуваат дека овој трансфер е многу реален ова зима, а се споменува дека Јунајтед е подготвен да плати околу 45-50 милиони за младиот дефанзивец.

За потсетување, Ерик Бејли по опоравувањето од повредата ќе мора да оди на Купот на афричките нации, па така Мурињо ќе мора да доведе стопер во зимскиот трансфер период.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com