Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМухиќ: Сценариото беше да се убијат Заев и Села за да се прогласи вонредна состојба

Мухиќ: Сценариото беше да се убијат Заев и Села за да се прогласи вонредна состојба

Пратеникот Ферид Мухиќ во изјава за „Ал Џезира“ вели дека цел на нападот на демонстрантите во Парламентот било воведувањето вонредна состојба во земјата, за која веќе било подготвено сценарио.

– Целта на нападот очигледно беше убиство на двајца или тројца пратеници, пред се, Зоран Заев и Зијадин Села, како и на еден или двајца насилници за да се осигура избувнување на голем конфликт и да се овозможи воведување на вонредна состојба, за која веќе беше подготвена сценарио – изјави Мухиќ.