Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМухамед Зекири во Централниот одбор на СДСМ

Мухамед Зекири во Централниот одбор на СДСМ

Неофицијално, Мухамед Зекири ќе биде дел од Централниот одбор и на Извршниот одбор на СДСМ. Ова им го соопштил лидерот на СДСМ на челновите на ЦО на вечерашниот состанок. Зекири вчера на својот Фејсбук профил соопшти дека ја напушта новинарската професија.

„По полни 18 години како новинар дојде време да ви соопштам дека одлучив да се збогувам од професијата. Не сакам јас да зборувам за тоа како сум ја извршувал својата работа сиве овие години. Се соочував со многу предизвици, добри, но и тешки моменти, но секогаш посветено се трудев да ја извршувам новинарската работа во служба на вистината и на страна на правдата. Околностите ме натераа да ставам крај на оваа професија.“ – напиша Зекири.

Се очекува да биде одлучено, повторно истите кадри, Спасовски, Ременски, Наумов, Кирацовски и Николовски да седнат во министерствата за внатрешни, труд и социјала, финансии, земјоделство и Министерството за информатичко општество и администрација.